After Midnight

Пресметајте дали си одговарате со вашиот партнер (втор дел)

Нумерологијата нуди многу прецизен метод да се утврди каква е вашата врска или каква ќе биде евентуалната таква. За да ги искористите предностите на оваа информација, треба да го пресметате вашиот датум на раѓање, како и таа на партнерот. Тоа се случува ако ги соберете броевите од датумот на раѓање до добивање на едноцифрена бројка. А потоа да го сторите истото и со неговиот датум на раѓање. Добиената комбинација од двете крајни бројки ќе ви каже дали имате шанси за совршена врска, или пак таа ќе биде катастрофална.

Пример: Таа е родена на 12.01.1983, тој е роден на 23.08.1980

Таа: 1+2+0+1+1+9+8+3=25. 2+5=7

Тој: 2+3+0+8+9+1+9+8+0=31. 3+1=4

Тоа се партнери со комбинација 7 и 4

Епа, пресметајте и да видиме!

4 и 4

Имате силна и стабилна врска. Си помагате и имате доверба. Имате мали проблеми, но тие не се опасни.

4 и 5

Целосна противречност и отсуство на разбирање.  Обично овие врски се со краток рок, но пак затоа страста во сексот воопшто не им недостасува.

4 и 6

Односите ви се карактеризираат со хармонија. Имате шанси за многу здрава и стабилна врска.

4 и 7

Имате перспектива за долга врска, која нема да се карактеризира со кој знае колку бурни емоции.

4 и 8

И двајцата држите до довербата и сплотеноста. И ги имате! Единствената пречка во љубовта ќе дојде, ако било кој од вас почне да се наметнува.

4 и 9

Многу се привлекувате. Многу повеќе од другите парови. Имате иднина заедно. Но доколку сте фанови на бурниот живот, ќе имате голем број на скандали.

5 и 5

Две сродни души! Одлична комбинација. Знаете како да се радувате еден на друг и да си помагате.

5 и 6

Шансите за долга врска се мали. Одделно сте мирни луѓе, но кога сте заедно некава зла агресија настанува помеѓу вас. Доколку успеете да се контролирате, со текот на времето се ќе си дојде на свое место.

5 и 7

Успешна комбинација. Имате разлики, но во совршена количина.

5 и 8

Секој си ја бара својата независност, но со цел да останете заедно, некој од вас ќе треба да си ги жртвува амбициите.

5 и 9

Совршен пар. Единствениот проблем ќе биде кој е оној што ги превзема обврските.

6 и 6

Многу си одговарате од гледна точка на карактери.

6 и 7

Оваа врска е една од најнепредвидливите. Но сигурно ќе биде во крајност – или долга и среќна или тотална катастрофа.

6 и 8

Комбинација од идеалист и матерјалист. Од чисто практична гледна точка тоа е добро.

6 и 9

Убава врска. И ќе остане таква под еден услов. И двајцата трудете се секогаш да ги покажувате чувствата кон другиот. Ако ги покажувате секој ден, се ќе биде во ред.

7 и 7

И двајцата сте премногу затворени. Кога сте заедно тоа уште повеќе се засилува. Тоа ја прави вашата врска многу тешка. Иднината зависи од тоа дали ќе научите да споделувате и да разговарате повеќе.

7 и 8

Многу лоша комбинација, тотално различни ставови за животот и љубовта. Несигурност, скандали и сомневања.да останете заедно е еднакво на катастрофа.

8 и 9

Убава врска, но со проблеми. И за време на најмалата пречка вие сакате да се разделите.

8 и 8

Интересни личности сте. Забавно ви е заедно, има страст и тоа многу силна. Но ќе мора да се справите со еден проблем – и двајцата сакате да командувате, и двајцата мразите да ви командуваат. Прифатете дека врската се базира на еднаквост, затоа бидете толерантни.

8 и 9

И двајцата глумите дека сте вљубени. Но нема да успеете до крај.

9 и 9

Добра комбинација само ако и двајцата доживувате силни чувства. Во случај ако едниот не е сигурен во својата љубов, ве чекаат бурни кавги и многу разочарувања.

 

Write A Comment