Професионалниот руски астролог Ирина Кириченко подготви краток, но сепак значаен хороскоп за 14 февруари, кој за нас е празник на љубовта, и на виното. Погледнете како ќе си поминете на овој ден, какви сугестии има за вас за да биде доживувањето максимално.
Овен
Не барајте премногу од патрнерот. Тоа само ќе доведе до непотребни расправии. Поминете го денот мирно, без многу, многу одење напред-назад. А вечерта романтична вечера.
Бик
Најдобро ќе си го поминете празникот дома. Украсете со балони, изберете добро вино и убава храна. Уживајте во пријатни разговори со партнерот и завршете ја вечерата во кревет.
Близнаци
Денот ќе биде напнат, а вие имате навика да ги нервирате најблиските. Многу е важно да го наметнувате своето мислење на партнерот. Покрај тоа овој период не е погоден за сериозни разговори. Доживејте го мигот и толку.
Рак
На 14 февруари ќе треба да направите некаков компромис или пак гест кон својот партнер. При тоа во никој случај не смеете да му ставате на знаење дека се жртвувате поради него. Прифатете го едноставно како благородна постапка. Ако го направите тоа, ве чека многу пријатен и емоционален празник.
Лав
Имате желба за бурно славење и дефинитивно ќе биде добро да му се оддадете. Посетете некое кафуле со гласна музика и ќе си поминете одлично со партнерот. Бидете подготвени за доста интересни нешта во доцните часови од ноќта.
Девица
На повеќето од вас воопшто не им е до славење, но ќе треба да го промените ставот. 14 февруари е одличен ден за вас, особено доколку со партнерот посетите некој одличен настан, одете во театар, а зошто да не и некоја кратка екскурзија.
Вага
Бидете подготвени за големиу трошоци. Ќе сакате да ја израдувате вашата половина со скап подарок и ѕвездите советуваат да го направите тоа без двоумење. Ќе видите дека неговата радост ќе ве натера да мислите дека потрошената сума е смешна. Купете подарок на 13 февруари.
Шкорпија
Вашиот партнер ќе се чувствува доста напнато денес. Ќе го искривува секој ваш збор колку и добронамерен да е тој.
Стрелец
Ако подолго време размислувате за некој посериозен чекор во интимниот живот (без разлика каков), сега е време да го направите. 14 февруари за вас е ден на важна промена и ако ја остварите, ќе ви донесе само позитивни резултати како последица.
Јарец
Можеби вашиот партнер нема да ви донесе изненадување, кое го сакате, но вие не треба да се лутите. Напротив, 14 февруари е ден во кој треба да ја искажете својата благодарност.
Водолија
Не само што ќе добиете одлично изненадување, но постои голема веројатност да ви предложат брак! Ѕвездите советуваат да одговорите позитивно само ако навистина го сакате, а не под влијание на емоциите и романтичната атмосвера.
Риби
Без разлика дали сте во врска, на 14 февруари ќе има многу обожаватели околу вас. Ако немате партнер, мирно оддадете се на флертувањето, но сериозно однесувајте се само кон оние кој вистински ќе ги освои вашите симпатии. Во случај да имате партнер, бидете нежни и дистанцирани со додворувачите, за да не го навредите.
