After Midnight

Животот започнува со љубов

Животот започнува со љубов. И продолжува со борбата на секој еден од нас да ја открие и да ја задржи љубовта. Мала или голема, силна или едвај тлее. За љубовта се испишани милиони страници – поезија и проза, направени се милиони тестови и психолошки истражувања, создадени се безброј уметнички дела. Со љубов ја објаснуваме такихардијата, тресењето на колената, стегањето на грлото… ова неверојатно и необјасниво чувство може да не издигне до небеста или да не удави во тага. На љубовта и е посветен и еден празник, кој во принцип е католички, но во реалноста успеал да ги освои срцата на многу луѓе. Дали е доволен еден ден во кој треба да каеме “Те сакам”? се разбира дека не е. Всушност еден живот не е доволен, за да покажуваме и докажуваме колку се радуваме на љубовта. Но секој еден ден може да биде добар почеток.

Write A Comment