Free zone

Му сплела џемпер на сопругот од сопствената коса (Видео)

Професорка во пензија од Кина, Чанг Ренксијан (60) му сплела на својот сопруг џемпер и капа од својата коса! За да ги изработи овие парчиња облека и биле потребни 11 години.

“Почнав да ја собирам косата од своите 34 години. Многу долго не знаев што да правам со неа. Трагав по начин како да ја сочувам косата и од неа да направам нешто корисно за мојот сопруг” – вели Ренксијан.

Таа вели дека и било потребно многу време да ја развие техниката на плетењето со коса, наместо волна.

“Ми беше потребна голема упорност и трпение, но на крајот се исплатеше – вели Ренксијан, која најпрво му сплела џемпер, а потоа и капа на својот сопруг.

“Што и да се случи со мојата коса во иднина, знам дека ќе ми остане спомен од неа. Џемперот и капата ќе останат како потсетник на сите убави моменти кои јас и мојот сопруг ги имавме” – заклучила Кинескињата.

http://www.youtube.com/watch?v=J474miItGzc

Write A Comment