Минутите после секс се доста ранлив период за повеќето луѓе. А кај новите врски се и решавачки за односите. Понекогаш ни е чудно да го разбереме однесувањето на партнерот. И речиси секогаш го толкуваме погрешно. Затоа, ајде да фрлиме малку светло врз проблемот. Да видиме што е типично во однесувањето на секој поединечен знак.
Овен
После секс, Овенот почнува да си ги врши задачите.не дека не придава значење на она што се случило меѓу вас. Но обврските се мноооогу! А пусто време сепак не стигнува…
Бик
Бикот ќе полежи еднa до две минути, ќе отиде во кујната, ќе ви донесе нешто за јадење и учтиво ќе ве замоли да го повторите она што сте го правеле.
Близнаци
Ќе ти раскаже виц, тогаш ќе поразговара за светската криза, ќе испуши една цигара, пак ќе ти раскаже виц, потоа некоја забавна приказна…А да не сакаш да гледаме филм?
Рак
Ракот ќе молчи и ќе чека вие да кажете нешто убаво, романтично. Ако не го направите тоа со денови ќе ја гледате тагата и разочарувањето во неговите очи.
Лав
Лавот се однесува така, како ништо да не се случило. Го продолжува разговорот на темата која сте ја дискутирале и ве тера во еден момент да се запрашате дали навистина сте воделе љубов или пак тоа било само фантазија.
Девица
Не се чувстувајте непријатно ако Девицата се заврти и ви се заблагодари. Или пак ве бакне од благодарност. Сепак сте и помогнале не само да биде задоволена, туку и да ужива од благотворното влијание на сексот.
Вага
По кратка пауза ќе ве праша “Ме сакаш?” Или ќе ви каже дека ве сака со идејата да и го повторите истото. Во оваа кратка пауза на Вагата и минуваат илијадници мисли низ главата. Добро ли беше, што ќе се случи сега, да прашам ли, не подобро не, леле…
Шкорпија
Не може да ви кажеме што точно ќе направи. Но ќе ви кажеме како ќе ве натера да се чувствувате. Исполнети, збунети и со нејасно чувство дека постои нешто фатално…
Стрелец
Што ќе направи стрелецот после секс е речиси невозможно да се предвиди. Може да ви зготви ориз, да ви предложи да формирате политичка партија, да ве покани на излет или да ви навести дека следниот пат сака тројка.
Јарец
Тој не испушта звук, не прави ништо. Едноставно лежи во креветот. Астрологијата нема објаснување за тоа. Но речиси секој Јарец после секс изгледа како да гладувал со денови, а сега каснал нешто убаво.
Водолија
После секс? А воопшто сексот дојде ли до крајот? Или телефонот му ѕвони, или некој на врата… Ако сепак успеавте, сега Водолијата ќе ве остави и ќе си замине на средба со пријателите.
Риби
Срамежливо и постепено ќе се приближат кон вас, ќе ве погледнат со длабок и нежен поглед и ќе ве прашаат: “А бакнежот?”.
