After Midnight

Силна љубов може да ви даде само силен маж

Љубовта, која ја барате, може да ви ја даде само силен маж!

Доколку мажот до вас има ограничени можности и капацитет, кои не одговараат на вашите емоционални потреби, тоа само ќе ве потиснува и двајцата и тој порано или подоцна ќе си замине.

Слабите мажи ги контролираат своите чувства и не си дозволуваат да се вљубат вистински од страв да не излезат од сигурната и комфортна зона – тие не градат карактер, бараат лесни патишта.

Слабите мажи не можат и не сакаат да сакаат.

Не ја толерирајте слабоста на мажите – тие ќе запрат да ве ценат и ќе ве зменат со жена која нема да им простува. Ако вие простите, еднаш, два пати, паѓате под неговиот морален стандард и повеќе не сте специјална жена.

Ако реагирате правилно, од едноставна жена можете да се претворите во посебна. Ако ги затворите очите ќе ја загубите и неговата љубов и неговиот респект.

Во природата преживуваат само најсилните. Ако вие ги трпите неговите слабости, не можете да бидете коректив на неговиот карактер и тој ќе го загуби интересот за вас.

Причината е во тоа, што секој човек се стреми да ја постигне таа идеална слика, која ја носи во главата за себе си. Ако барате од вашиот партнер да ви го даде најдоброто од себе си, да вложи максимална сила, да стане подобар, посилен, да постигне повеќе во животот, тој ќе ве сака заради начинот на кој се чувстува – заради значењето кое го чувстува за сбе си.

Ако сте се чуделе зошто мажите го губат умот по жени, кои постојано ги критикуваат – тоа е одговорот.

Write A Comment