Celebrity

Џеј Ло ултра секси во спотот за Светското фудбалско првенство

Само пред неколку дена Џенифер Лопез го заврши снимањњто на видеото за “Adrenalinа” – новото нејзино парче со Рики Мартин, и веќе е подготвена да почне со снимањето на “We Are One (Ola Ola)” – официјалната песна за FIFA World Cup 2014.

Да ве потсетиме дека една од најпопуларните бразилски пејачки Клаудија Леито, заедно со Питбул и Лопез ќе ја исполнат официјалната песна на Мондијалот 2014 – “We Are One (Ola Ola). Исполнителите имаат за цел да му ја претстават на светот страста на Бразил.

Џеј Ло го снима спотот за песната заедно со раперот и пејачката во Флорида. Џенифер изгледа исклучително секси, облечена во краток бел топ, шарени панталони и високи потпетици.

 

Write A Comment