Избор на афродизијак
Истражувачите велат дека миризбата, вкусот и изгледот на одредени храни може да делува како ефективен афродизијак, не само за создавање на расположение, туку и за флертување и водење на љубов. Различните храни содржат различни хранливи материи и супстанции кои влијаат на телото на различен начин. Затоа може да се каже дека во различните фази на сексуалниот живот, пожелни се различни храни.
- Храни за флертување. Кога сте во потрага по потенцијален партнер, најдобро е да избирате храна која што помага да се лачат супстанции и хормони што ве прават среќни, за да си ја зголемите самодовербата и да можете полесно и подобро да флертувате. Такви храни се: фефероните, бананите и морковите.
- Храни за заведување. Во оваа фаза, храната афродизијак може да предизвика вашето тело да лачи секс хормони, како тестостерон. Тестостеронот носи повеќе енергија и го зголемува протокот на крв во половите органи. Пригодни храни: смокви, моркови, остриги, чоколадо, ѓумбир, јаболка, маслинки, домати.
Aфродизијак ја нарекуваме онаа храна која што ги стимулира „љубовните“ сетила за вид, мирис, вкус и допир. Храната-афродизијак може да асоцира или да сугестира, но не и да предизвикува физичка сексуална реакција.
Научните истражувања немаат докажано дека афродизијаците се ефективни, па може да се каже дека пласибо ефектот игра голема улога во зголемувањето на желбата за секс. Мозокот е моќен орган и ако си мислите дека одредена храна ве возбудува, тогаш со сигурност ќе се случи тоа.
Науката нема дадено категоричен одговор на ова прашање, поради тоа што желбата за секс е премногу комплексна и тешка за истражување. Сепак, помеѓу храната и сексот отсекогаш постоела врска.
