„Во моментот кога Македонската Радио Телевизија објави дека јас ќе ја претставувам Македонија на Евровизија, добив повеќе од педесет понуди за песни од целиот Балкан. Ниту една од нив не ми се допадна, освен трите песни кои ги добив од Дарко. Се одлучивме за повеселата и поведрата. Многу верувам во песната, сигурна сум кога ја пеам и сигурна сум во добар пласман“, изјави Дапчевиќ.
Изборот на песна за Евровизија оваа година се одржува во Копенхаген, Данска од 6 до 10 мај. Македонија настапува во второто полуфинале на 8 мај и ќе го забележи своето 14-то учество на најгледаното музичко шоу на стариот континент.
Слушнете:
httpv://www.youtube.com/watch?v=HFiqbQJ_UAk
