Никој не рече дека не е кул да си играте со вашиот партнер во спалната соба, но исто така и самозадоволувањето има добри страни. Навистина, понекогаш дури може да биде и подобро од водење љубов, барем така тврди психологот Ава Кадел и терапевтот Ејми Левин.
Партнерот ви е уморен или едноставно во моментот кога вие сакате, не е до вас. Тоа не занчи дека не може да се самозадоволите.
Можете да експериментирате колку што сакате без да се грижите дека некој чудно ќе ве гледа или пак дека ќе повредите нечии чувства.
Вие самите најдобро знаете што ви одговара и никој друг не може да знае подобро од вас.
Не морате да се грижите за плодните и неплодните денови.
Понекогаш сексот може да трае повеќе отколку што вам ви одговара, а мастурбацијата трае онолку колку што вие сакате.
Нема притисок околу тоа да му угодите на партнерот, па можете да бидете себични, колку што сакате.
Не мора да се грижите дали бикини зоната ви е совршено издепилирана.
Откако ќе го доживеете врвот, може да заспиете, да читате книга или пак да погледнете некој филм односно да го направите она што вам ви одговара. Нема никој да ви одредува што и како понатаму.
