Врската помеѓу два исти хороскопски знаци може да биде совршена, или вистински пекол. Иако не сте идентични, ќе видите како некои од вашите најдобри и најлоши особини се рефлектираат на партнерот.
Овен-Овен
Кога ќе се сретнат два огнени знаци, често доаѓа до експлозија. Вркста на два Овна може да биде незгодна ако дозволат да почнат постојано да се бодат со роговите. Но, доколку дозволите вашата импулсивност да ги инспирира партнерот, вашиот однос можеда биде функционален.
Бик-Бик
Овој пар може да биде сосема компатибилен, зато што и двајцата се домашни типови. Овие два земјени знака претставуваат стабилност кога се заедно. Ако се караат, тоа е скоро секогаш само заради пари.
Близнаци – Близнаци
Односот меѓу два Близнака може да биде исклучително бурен и возбудлив. Близнаците не можат долго да издржат заедно.
Рак – Рак
Два Рака можат да бидат заедно ако секој од нив прифати дека покрај себе има сензитивна личност.
Лав –Лав
Врската меѓу два Лава тешко може да биде успешна, едноставно затоа што едниот или другиот постојано ќе чувствуваат потреба да бидат главни. Рамнотежа може да се воспостави на некое време, но вистинска еднаквост, многу ретко.
Девица – Девица
Две Девици можат да имаат совршена врска. Секој од вас има големи очекувања од другата страна. Тоа понекогаш доведува до недоразбирање, но често доведува до тоа еден од вас да му помогне на другиот да биде подобра личност.
Вага – Вага
Овие два знака можат да бидат заедно доколку и двајцата сватат околу што не вреди да се расправаат. Секој од вас сака хармонија и подобро ќе попушти, отколку да се расправа за некои ситници. Вашата компатибилност зависи од тоа колку сте и двајцата свесни за овој факт.
Стрелец –Стрелец
Тешко е дека два Стрелци ќе остварат стабилна врска, едноставно затоа што и двајцата сакаат да се натпреваруваат, и имаат страв дека оној другиот ќе им ја ограничи слободата. За среќа и двајцата се искрени еден према друг, што може да ја ублажи природната неспоивост.
Јарец- Јарец
Врската помеѓу два Јарци може долго да трае, бидејќи и двајцата се свесни дека на оној другиот му е потребнен живот и надвор од врската. Бидејќи го почитуваат времето на партнерот и неговата работа, два Јарци се во состојба полека да ја зачврстуваат врската во која ги делат заедничките вредности.
Водолија – Водолија
Иако можат да бидат одлични пријатели, кои се охрабруваат еден со друг да ги водат внатрешните пориви, токму тоа може да биде непријатност во емоционалната врска.
Риба – Риба
На прв поглед може да изгледаат како складен пар. Ги планираат заедно своите сониште, но не ги остваруваат.
