Еди Мафри нема да биде водител на доделувањето на Оскарите. Иако веќе сè беше договорено и објавено по медиумите, планот на крај пропадна. Имено, продуцентот Брет Ратнер добил отказ од проектот, а Еди изјавил дека потполно ја разбира одлуката на главните луѓе задолжени за проектот, кои решиле да ги сменат продуцентите задолжени за Оскарите.
– Многу се радував за проектот кој нашиот тим на продуценти веќе започна да го реализира, но мислам дека и другата продукциска куќа која ќе го добие преоктот ќе заврши одлична работа, – искоментирал Еди Марфи.
Марфи се повлекол од овој проект бидејќи со Ратнер го врзува цврсто пријателство, а одлично функционираат заедно и на професионален план.
