After Midnight

10 фори да смувате фраер

Дали заете како девојка може да смува некој фраер за 30 секунди? Дознајте од следниве 10 фори:

1. Јадење. Не се вели за џабе дека патот до срцето на мажот води низ стомакот. Спремете нешто што мислите дека го сака, нека се најаде и ќе биде ваш за 30 секунди

2. Облека. Не се облекувајте како вашата баба. Бидете умерено провокативно и бидете свои. Можеби оделото не го прави човекот ама секако говори за вашата личност,бидејки ако копирате некого, тоа покажува дека немате карактер.

3. Искреност. Дајте му некој знак до знаење дека ви се допаѓа, само не нападно и без зафрканции, а неогаш е доволна и насмевка.

4. Писмо. Напишете некое интересно писмо и лично предадете му го. Многу е поинтересно отколку СМС

5. Филм. Кажете му дека Терминатор 2 е најдобар филм кој сте го гледале

6. Лего. Купете му лего коцки и прашајте го дали ќе ги склопите заедно. Удрете право во детството.

7. Хумор. Овде заборавете ги сите фори кои ви се смешни на вас и вашите другарки. Речете му нешто најсмешно што сте виделе е некој баг во ПЕС 2012, кога Роналдо пропаѓа во земја.

8. Физички изглед. Пофалете го неговиот изглед, кажете му дека сте приметиле како му се променил обемот на бицепсите и дека ако така продолжи ќе биде како Ван Дам во Освета на близнаците.

9. Забава. Провоцирајте го на партија билијард или тенис. Или мортал Комбат.

10. Едноставност. Прашајте го, Сакаш да тргнеме?

Write A Comment