Ова се осетливи и ерогени зони со кои сигурно ќе ја возбудите девојката..
- Стомакот
Иако некои не би се сложиле, сепак стомакот за жената е ерогена зона. Некои дами доживуваат еротско задоволство кога партнерот нежно ги масира и милува по стомакот.
Доколку не сте пробале, немојте да тврдите дека и вашата партнерка не смета дека овој дел е ероген дел од нејзиното тело. Можете да се изненадите од ефектот.
- Усни
Доколку сакате подобар секс, обидете се со едноставна вежба. Сè што треба да направите е да ја бакнете партнерката и тој бакнеж да трае неколку минути. Усните се едни од најерогените места од женското тело, а често во комбинација со брзо дишење, жените знаат да полудат од возбуда.
- Стапала
Познато е дека некои мажи сметаат дека женските стапала се многу секси дел од телото, а и со право така размислуваат. Постои теорија дека во стапалата се наоѓаат нервни завршетоци за сексуално задоволство, но иако ова не е докажано можеме слободно да се потрпеме на искуствата на многу жени кои се возбудуваат од масажата на стапалата.
- Врат
Вратот е сензуално место од женското тело и ретко кој може да прескокне ерогена сцена во која мажот го бакнува женскиот врат. Допирот, па потоа и бакнежот придонесуваат за предиграта и ги носат жените до посилен оргазам.
- Интимната област
Долниот дел од телото, веднаш над гениталиите на кој растат срамните влакна, за многу жени претставува ерогена точка и стимулативна област. Доколку се вашата партнерка се срами од овој дел, дајте ѝ до знаење дека во тоа треба само да ужива и да го прифати своето тело такво какво што е.