Прерана ејакулација
Грижата околу изведувањето на сексуалните точки не му е непозната на ниту еден маж. Многу од нив ги знаат техниките кои ја спречуваат прераната ејакулација и затоа можеби ќе се случи да почнат да размислуваат на таблицата за множење или за статистиката на невработените.
За да ја избегнат оваа непријатна ситуација мажите се дистанцираат и избегнуваат контакт со очите за да можат подобро да се фокусираат.
Дали сум добар?
За жал, добар дел од ваквото однесување понекогаш се пренесува на врската. Така наречените ‘лоши момци’ често ги мачи стравот од нивната изведба во кревет. Поради тоа емотивно се исклучуваат, подолго траат во кревет, но пократко траат во врските.
Кога ќе дојде крајот?
Други пак ги мачи немањето можност за свршување, посебно ако е во прашање нова девојка која сеуште не ја познаваат доволно. Меѓутоа, тој проблем се решава многу брзо, ако врската продолжи.
Други жени
Мажот може да биде со најсексапилната жена на светот, но тоа нема да го спречи понекогаш да помисли на некоја позната убавица или поранешна девојка со која имал див сексуален живот. Не! Тоа не значи дека сака да изневерува или да ја остави својата девојка, туку дека има потреба од разновиден избор иако одлучил да биде само со една девојка.
Дури и во најдобрите врски, сексот станува предвидлив, па момците често се потсетуваат на блиц сеќавања на сексуални односи кои ги имале пред неколку години.
Проблем настанува само во случај кога ќе изговори друго име, бидејќи во спротивно никој нема да знае дека го прави тоа што го прави. Немојте да очекувате од него дека ќе ги признае овие работи бидејќи многу добро знае дека од тоа нема да произлезе ништо добро.
Фантазии
Оние кои немале секс подолго време, ќе се потрудат да го добијат. Тоа не мора да значи дека ќе го добијат со жената од своите соништа, па така ќе се задоволат и со нешто помалку привлечно. Ќе пробаат да ги надоместат сите оние пропуштени прилики кога можеле, но немале секс.
