After Midnight

Совети како да не грешите на почеток на врската!

Непишано правило е жените откако ќе влезат во некоја врска да направат работи за кои подоцна ќе се каат. Постојат некои грешки кои често ги прават, а кои можат да бидат фатални за врската. Прочитајте кои се тие и најдете начин да ги избегнете.

  • Прерано му ги искажувате своите чувства и го принудувате да се обврзе. Не брзајте по неколку состаноци да ги кажете зборовите „Те сакам“. Прво, тоа е премногу краток период за кај вас да се развијат такви чувства (најверојатно уште не се познавате доволно) и второ, таквата ваша изјава ќе го преплаши.
  • Станувате негова сенка. Жените многу полесно се приврзуваат отколку мажите. Внимавајте тоа приврзување да не отиде во крајност. Има жени кои постојано сакаат да знаат каде е нивниот партнер или пак постојано одат со него. Таквата несигурност може кај него да предизвика негативни чувства, па дури и одбивност.
  • Заборавате на своето друштво, хобијата и интересите. Никогаш не бидете од оние жени кои кога ќе влезат во врска забораваат дека претходно имале друг живот. Врската не треба наеднаш да ви стане единствен приоритет.
  • Не се контролирате при консумација на алкохол. Навистина, две-три чашки ќе ве опуштат и ќе можете да водите порелаксиран разговор. Но, ако претерате, нема да можете убаво да се изразувате, ќе заборавите на манирите и ќе оставите погрешен впечаток.
  • Се претставувате пред него како некоја што не сте. Ако наспроти вас седи човек со којшто сакате да сте во врска, тогаш воопшто не треба да прикривате каква личност сте и да се претставувате како нешто што не сте. Доколку обожавате да јадете плескавица и голем помфрит, не си порачувајте за јадење сезонска салата само затоа што некаде сте прочитале дека тоа им потскажува на мажите дека се грижите за својата линија.
  • Прерано имате секс со него. Мажите го обожаваат сексот, па нивно лично право е да сторат сè што можат за да го добијат. Но, тоа не значи дека очекуваат веднаш да прифатите. Тешко дека некој маж сака да биде во сериозна врска со жена која воопшто не е пребирлива кога станува збор за сексуални односи. Дајте си повеќе време да се запознаете подобро пред да бидете интимни со него.

Write A Comment