After Midnight

Зошто жените кажуваат лаги?

Зошто жените лажат : Не сакаат да ги повредат вашите чуства

Ова е најголемата причина зошто жените лажат. На почетокот на врската не знаат колку вие сте чувствителни и колку цврсто можете да ја поднесете нивната искреност. Најголемата причина за ова е можеби тоа што жените по природа се многу чувствителни. Па прво ќе се потрудат да ги откријат работите кои ги сакате, која музика ја слушате, и не секогаш ќе добиете директни прашања околу тоа.

Од кога ќе откријат што сакате повторно ќе продолжат со своите ситни лаги. Зошто? Затоа што за нив е полесно да лажат дека уживаат гледајки фудбал со вас или да ве слушаат како зборувате по цели часови за автомобили, одколку да кажат што навистина мислат па вие да се претворите во нерасположен или да ве гледаат во нелагодност поради нејзината искреност.

 

Зошто жените лажат : Затоа што не сакаат да се расправаат

Понекогаш жените лажат бидејќи не сакаат да предизвикаат расправија намерно доколку вие сте оној тип што знае добро да ги крши нејзините аргументи и да ја натера да се чувствува некомпетентна и засрамена.

Понекогаш лажат и бидејќи им е мака за да ви докажуваат нешто па полесно им е да се согласат.

 

Зошто жените лажат : Бидејќи не сакаат да ги објаснуваат своите постапки

Некои мажи, се однесуваат како родители или претпоставени со своите девојки, наместо да се однесуваат како љубовници. Но знаете што жените не сакаат да им наредувате или да им налагате што да прават. Полесно им е да ве излажат за нешто што не сакаат да го дознаете за да не мораат да ве слушаат како им „проповедате“ што е добро или лошо за неа.

– Можеби и ве лаже и кога цело време сте сонеа. Жените ги сакаат чувствата, бидете отсутни од нејзините очи некое време, сакаат кога им недостига некој.

Лажат и бидејќи не знаат дали сте вистинскиот но и не сакаат да ве изгубат се додека не дознаат.

 

Зошто жените лажат : Бидејќи сакаат да ги цените.

Доколку сте ги импресионирале со својот успешен живот и со својата практичност , ќе лажат за да ги сметате рамни со себе. Секако свесни се дека некогаш вистината ќе излезе на виделина меѓутоа ќе се обидат да манипулираат се додека можат ..па кој знае можеби ќе успее да ве натера да се заљубите во неа, зошто тогаш не би лажела во почетокот.

 

 

Write A Comment