After Midnight

Дали ги знаевте овие работи за љубовта?

Понекогаш треба да се запрашаме дали знаеме се за љубовта. Ова се интересни забелешки и факти кои треба да се знаат.
  • Двајца на секои пет луѓе стапуваат во брак со нивната прва љубов.
  • Ако веќе имате наполнето 21 година, најверојатно веќе сте го запознале мажот со кој ќе стапите во брак.
  • Кога се во почетокот на врската, околу 78% од жените би одбиле да имаат интимен контакт со партнерот, само ако не им се „средени“ нозете или пазувите.
  • Гинисовиот рекорд за најдолг брак е неверојатни 85 години.
  • Најстарите прирачници за секс се создадени уште пред 5 000 години во Кина.
  • Резултатите од едно музичко истражување покажаа дека најромантична песна на сите времиња е песната „Unchained Melody“ од Righteous Brothers.
  • Просечниот човек во текот на својот живот поминува 20 160 минути во бакнување.
  • Книгата на Џејн Остин „Гордост и предрасуда“ се смета дека е најромантичната новела на сите времиња.
  • Ајфеловата кула во Парис е најпопуларното место за предлагање на брак.
  • Хаваите се место каде секоја година се одржува десетдневен фестивал со кој се слави љубовта преку музика, филм и храна.
  • Додека се бакнуваат, 65% од луѓето ја вртат главата на десната страна.
  • Во Литл Рок, Америка, флертувањето е нелегално и ако решите да се позабавувате на тој начин, ви се заканува затворска казна од 30 дена.
  • Карактерот на луѓето кои се во врска се менува, за да стане колку што може посличен.
  • Најстарата љубовна песна датира од пред 4 000 години и доаѓа од област помеѓу реките Тигар и Еуфрат.
  • Според математичка теорија, треба да излегуваме со околу 12 луѓе, пред да можеме правилно да си го избереме животниот партнер.
  • Една од пет долги врски започнува додека едниот од партнерите е во врска со друг човек.

Write A Comment