Доколку сметате дека вашата љубомора е опсесивна и ја загрозува иднината на врската, еве неколку совети кои ќе ви помогнат да се ослободите од тоа интензивно чувство.
- Верувајте му на партнерот. Ако постојано живеете со страв дека тој може да ве изневери или напушти, ќе се оддалечите од него. Претераната љубомора може да ве направи непривлечни. Затоа, верувајте му на својот партнер, особено ако никогаш не направил нешто со кое што би ја заслужил вашата недоверба.
- Не се споредувајте со другите. Ние жените сме склони секогаш да си ги гледаме недостатоците, било тоа да се однесува на физичкиот изглед или на карактерот. Секогаш можеме да најдеме некоја позната која во нешто е подобра од нас и тоа ни создава несигурност и страв дека партнерот ќе ја избере неа пред нас. Но, секоја жена треба да се ослободи од таа лоша навика на постојано споредување, затоа што секој е уникатен и специјален на свој начин и треба да знае да се цени себе си.
- Верувајте си себе си. Верувајте дека имате доволно искуство или способност да си изберете партнер кој никогаш не би направил ништо за да ве повреди. Сепак, секоја врска може да тргне во погрешен правец, па потребно е и да бидете уверени дека можете да се справите со секој проблем.
- Зголемете си ја самодовербата. Несигурноста и отсуството на самодоверба создаваат основа за појава на љубомора. Ако му ја покажете на партнерот вашата несигурност и сомнежите, може да „паднете“ во неговите очи. Затоа, зголемете си ја самодовербата и покажете дека нема место за болната љубомора во вашата врска.
- Оттргнете ги негативните мисли. Понекогаш љубомората се појавува уште пред вашиот партнер да ви даде причина за тоа. Ако се сомневате во него секогаш кога тој ќе задоцни или нема да ви се јави навреме, проблемот побарајте го во себе. Започнете да мислите попозитивно за вашата врска, без непотребно да се оптоварувате со лоши мисли за тоа што може да направи тој кога не е со вас.
- Разговарајте со ваша пријателка. Понекогаш искажувањето на чувствата на глас може да ви помогне да ги оставите зад себе. „Исповедта“ пред блиска личност може да ви помогне реално да оцените дали има причина за да бидете љубоморни или сè е плод на вашата фантазија.
