Присуството на одредени звуци во името му придаваат една посебна нота на сексуалност. Се разбира, не секогаш, бидејќи не само еден звук, но и комбинацијата на звуци е важна. Сепак повеќето имиња одговараат категорично на следнава карактеристика.
Имињата во кои има букви Ж, Н, Л и В одразуваат силна внатрешна страст, особено ако овие букви се повеќе од една. (на пример: Вивијан, Нина, Лена, Жана, Лилјана). Докажано е дека вибрациите во таквите имиња делуваат многу пријатно на мажите.
Имињата во кои има две самогласки една до друга, се исто така многу сексапилни. Пример Леона, Луиза, Јоана, Дијана, Елеонора итн.
Но како имиња кои звучат нај секси се дефинираат они во кои ја има буквата М. Се смета дека овој звук најдлабоко ја изразува сексапилноста и предизвикува возбуда. Пример Тамара, Камелија, Саманта, Симона. Како и сите имиња што почнуваат со буквата М-Марија, Михаела, Моника, Мариета, Магдалена итн.
Па, има ли ксметлики, чии имиња одговараат на критериумите за секси?:)
