Покрај сите принцови, совршени момци од романтичните филмови, забораваме дека тоа не е стварност
Сето она со кое сме пораснале и сме го гледале на телевизија многу веројатно имало лошо влијание на нашите стандарди.
Доколку имате лош љубовен живот и никако не можете да пронајдете момче кое ви одговара, можеби не е лошо да размислите дали сте самите криви за тоа.
Мора да биде совршен
Првата грешка која ја прават почетниците, но им се случува и на искусните жени. Кога станува збор за љубовта и во барање на идеалниот партнер, повеќето жени знаат што сакаат, но тоа никогаш не го добиваат. Доколку инсистирате на тоа мажот да биде се што сте замислиле на хартија, тоа е причината зошто не можете да го пронајдете – бидејќи не постои.
Не толерирате маани
Сите имаме маани, колку и да се обидуваме да ги сокриеме, но добрата страна на љубовта е тоа што нечии мани можеме да ги запоставиме па дури и да ги засакаме. Ако очекувате дека ќе пронајдете тип без маани и ги одбивате оние кои не се вклопуваат во вашата идеална визија, многу веројатно е да останете сами.
Никому не давате шанса
Ви се чини дека прилагодовањето е само за губитниците. Ако знаете каков тип сакате, зошто воопшто би му дале шанса на оној кој ви се додворува, а нема врска со вашата идеја за идеален маж? Секако дека не морате да ги напуштите своите уверувања и да бидете отворена за сите, но доколку ви се чини дека некој ви се допаѓа, дајте му шанса. Никогаш не знаете што ќе се роди од тоа – можеби голема љубов.
