Резултатите од неодамнешното истражување покажуваат дека четри проценти од богатите уживаат во секојдневниот секс. Во споредба со нив, они малку посиромашните припадници на средниот слој имаат три пати повеќе секс.
Интересно е дека мажите кои помалку заработуваат изјавиле дека либидото им е на високо ниво, додека само 10 проценти од оние кои заработуваат многу го признале истото.
Иако кај богатите сексуалниот живот е по редок, тие се повеќе авантуристички настроени во кревет и подготвени на разни експерименти.
Имено, компанијата “Lovehoney” која го спровела истражувањето во кое учествувале 1600 испитаници открила дека луѓето кои се доминантни на работа во сексот се во главно потчинети.
“Луѓето кои повеќе заработуваат, повеќе работат. Со самото тоа и повеќе размислуваат за својата кариера. Тие луѓе помалку внимание посветуваат на сексот и љубовната врска, а многу повеќе на работата. Токму поради тоа не можат да се пофалат со квалитетна љубовна врска и возбудлив секс”, заклучил портпаролот на компанијата.
