Најдолгиот бакнеж траел неверојатни 58 часа, 35 минути и 58 секунди. Бакнувањето ги согорува калориите, го зајакнува имунитетот, ја ублажува болката и спречува кариес.
Иако се бакнуваме скоро секој ден, многумина не се запознаени со следните факти.
Стилот на бакнување потекнува од мајчината утроба
Станува збор за тоа дека две третини од луѓето ја врти главата на десна страна, додека се бакнува, а германските научници веруваат дека тој инстикт потекнува уште од мајчинате утроба, во која исто така сме имале тенденција да ја вртиме главата на таа страна.
Тренинг за лице
Знаете ли каква координација бара еден бакнеж? Се работи за вкупно 146 мускули, од тоа 34 мускули на лицето и 122 постурални мускули. Звучи како сериозен тренинг за лицето.
Постои наука за бакнежите
И нејзиното име е фелематологија, а межународниот ден на бакнежот е 5 фебруари.
Најдолгиот бакнеж на светот според Гинисовата книга е...
Неверојатни 58 часа, 35 минути и 58 секунди, а го оборил еден пар на Тајланд.
Бакнувањето го продолжува животот
Не е тајна дека бакнувањето е една од клучните состојки за долга и среќна врска. Но, дали сте знаеле дека мажите кои ја бакнуваат својата жена секое утро живеат во просек пет години подолго од мажите кои немаат таква навика?
Колку се бакнуваме во текот на својот живот?
Стручњаците проценуваат дека просечната личносѕ поминува 20.160 минути од својот живот во бакнување.
Треба да бакнете многу жаби за да дојдете до принцот
Жната во просек мора да бакне 15 мажи, пред да го пронајде оној вистинскиот, покажало едно британско истражување.
Бакнувањето има неверојатни здравствени предности
Тоа ги согорува калориите, го зајакнува имунитеот, ја ублажува болката и спречува кариес.
