Celebrity

Новата Снежана со џуџињата

Објавен е првиот трејлер за филмот „Snow White and the Huntsman“.

Дејството во филмот се разликува од заплетот во оригиналната бајка по тоа што ловецот во филмот ја одбива наредбата на кралицата да ја убие Снежана и ѝ се придружува во борбата против злобната кралица.

Главните улоги ги играат Кристен Стјуард, Крис Хемсфорт и Шарлиз Терон, додека режијата му е доверена на Руперт Сендерс.

Филмот се очекува да стигне во светските кина кон средината на 2012 година.

Погледнете го првиот официјален трејлер:

http://www.youtube.com/watch?v=WvPKpfoW8Cc

Write A Comment