Celebrity

Колдплеј најавија 5 стадионски настапи за наредната година

Бендот кој на 24 Октомври го објави својот петти студиски албум со наслов “Mylo Xyloto”, ќе настапи на четири фудбалски стадиони во Обединетото Кралство во периодот од Мај до Јуни наредната година.
Бендот најпрво ќе настапи во Ковентри на Рикох Арена на 29 Мај, потоа следат два настапи во Лондон на Емирати Стадионот на 1-2 Јуни, следат Сандерленд со Стадионот на Светлината на 7 Јуни и последен настап имаат во Манчестер на Етихад Стадионот на 9 Јуни. Следната турнеја на Колдплеј на “островот” е во Декември наредната година.

 

Write A Comment