Најчестите причини зошто мажите не се успешни со жените и како да ги избегнете.
Грешка 1: Премногу фин со неа
Си забележал ли некогаш дека најатрактивните женски никогаш не се привлечени од „фини“ момци?
Се разбира дека си забележал…
Можеби како и повеќето имаш по некоја атрактивна девојка како своја пријателка, која секогаш завршува со некоја „будала“, но никогаш не била сексуално заинтересирана за тебе.
Си се запрашал ли што се случува?
Всушност цела работа е едноставна…
Жените не избираат поради тоа колку е фин некој. Го избираат тој што го избираат бидејќи чувствуваат привлечност кон тој, а и не можат да објаснат зошто баш тој што го избрале им е атрактивен.
И знаеш што? Фино момче не им буди чувства на моќна привлечност.
Тоа што ќе се трудите да бидете фин, кај неа не предизвикува привлечност.
-Знам дека ова нема некоја смисла но така е, и не се замарајте повеќе „да бидете фин“.
Се додека не го прифатите овој факт, никогаш нема да бидете успешни со жените.
Грешка 2: Обидување да ја натерате неа да ве сака.
Што повеќето момци прават кога ќе сретнат некоја девојка што навистина им се допаѓа, но не е заинтересирана?
Се обидуваат да ја „натераат“ девојката да се чувствува поинаку спрема нив.
Е па еве новост за вас: „нема никогаш да го промените мислењето на девојката кога станува збор за привлечноста.“Ако не и сте привлечен што и да правите џабе е. Не можете да и го промените размислувањето со „логичко расудување“.
Размислете, доколку девојката „не чувствува ништо спрема вас“ како мислите воопшто дека ќе го промените тоа со логика и расудување.
Но сепак сите го правиме тоа, молиме, „бркаме“, убедуваме на овој или оној начин.
Лоша идеја, која никогаш не проработува.
Грешка 3: Барање на одобрување или дозвола од неа
Во желба да ги задоволиме женските секогаш бараме нивно одобрување или дозвола за нешто. Пример:„Сакаш ли да одиме …ваму или таму “ ..„Може ли да зборуваме за ова или она …“ ..
Е ова е уште една лоша идеја за да ја придобиете женската.
Треба да знаете една голема вистина: Жените никогаш не се привлечени од оние кои сакаат да им удоволат.
Но да не да се сфаќаме погрешно. Не треба да се однесувате како идиот за да бидете атрактивен за женските. Вистината е една, доколку се претворите во оној кој го прави нејзиниот збор „алфа и омега“ тогаш никоја нема да биде привлечена од вас. Верувајте ниедна не е сексуално привлечена од папучар, освен доколку е „настрана“.
Грешка 4: Обид да го „купите“ нејзиното внимание со плаќање вечери и купување подароци
Колку пати сте биле одбиени од некоја на која сте ѝ ги плаќале вечерите и сте ѝ купувале цвеќиња и подароци поради некој кој не се однесува со неа ни половина отколку вие што се однесувате?
Знаете што, тоа што ве одбила и покрај сите тие работи што ги правите за неа сепак е НОРМАЛНО, бидејќи не е природно да ги правите овие работи.
Знаете ли што „ѝ зборувате “ кога се однесувате вака : „Мислам дека не ти се допаѓам онаков каков што сум па ќе се обидам да го купам твоето внимание со подароци и плаќање на пијалаци и слично…“
Грешка 5: Премногу рано ѝ кажувате што чувствувате за неа
Оваа е една од најчестите и непроценливо лоши грешки што ги прават мажите…споделување на чувствата за тоа како се чувствувате спрема неа. (Премногу рано сметам 4-5 месеци 🙂 од кога сте заедно).
Сите сакаме атрактивни девојки, но знаете што, на таквите девојки и пристапуваат неколку души дневно, па можете да изброите колку души и пристапуваат неделно или месечно. Она што сакам да го кажам е дека тие се полни со искуство и знаат што да очекуваат.
Па кога само по неколку состаноци им кажете нешто како:„Знаеш што, навистина, ама навистина ми се допаѓаш“, ќе ве сметаат само како еден од многуте кои многу рано „се издал“ па нема да и бидете многу интересен понатаму.
Нема ама буквално никаква потреба да зборувате такви работи, повлечете се од такви тензии, опуштете се, уживајте прво малку со неа.
