After Midnight

Што е најдобро да направите пред и после секс, кога се обидувате да имате бебе?

Периодот кога сакате да забремените може да биде многу возбудлив но и фрустрирачки во животот на еден пар. Постојат неколку работи кои трба да ги направите пред и после сексот кога се обидувате да имате бебе. Ова може да ги зголеми шансите за успешно зачнување.

Бројот на сперматозоидите

Здруженијата за бременост укажуваат на избегнување на алкохол и дрога бидејќи можат да го намалат бројот на сперматозоидите. Активностите кои ја зголемуваат температурата на тестисите, како што е лежење во када исто така можат да го намалат бројот на сперматозоиди.

Стрес

Здруженијата за бременост препорачуваат жените да го намалат стресот кој е поврзан со доцнењето или пропуштањето на периодот што го прави предвидувањето на овулацијата многу потешко.

Терминот

Повеќето жени овулираат 14 дена пред првиот ден на нивниот следен период. Зената која нема редовен циклус може да се обиде со тест за предвидување на овулацијата. Потребно е паровите да имаат секс секој втор ден за пет дена пред и два дена по предвидениот датум на овулација.

Пози

Љубовните пози кои овозможуваат длабоко продирање можат да ја зголемат веројатноста за зачнување. Во исправена положба ова не е препорачливо, бидејќи спермата, тогаш мора да се бори со гравитацијата.

После секс

Жената треба да лежи на грб 15 до 20 минути после сексот со перница под колковите. Ова помага гравитацијата да не работи против спермата, додека таа патува.

Write A Comment