Водителката Опра Винфри, актерот Џејмс Ерл Џоунс и шминкерот Дику Смит се наградени со почесен Оскар на церемонијата одржана во саботата вечерта, во Лос Анџелес.
Американската филмска академија доделува посебни признанија на луѓето кои имаат значаен придонес за филмската индустрија, а оваа година такви имаше тројца.
На Опра, Оскарот ѝ го врачила една млада жена чие школување го овозможила фондацијата на Опра. Иако светската слава и милионите ги заработи како водителка, Опра вели дека филмот во кој глумела по име „Бојата на пурпурот“ ѝ го поплочил патот до статусот филмска ѕвезда, а со тоа ја добила и можноста да им помага на другите.
На актерот Џејмс, доделен му е Оскар за актерки опус со остварени повеќе од 50 филмови.
Шминкерот Дику Смит е награден за долгогодишната работа позади сцената и поради големиот број на остварувања во многу филмови. Тој вели дека уживал во секоја минута од својата работа
