Најновото истражување покажува дека паровите кои внимателно заеднички донесуваат одлуки подолго остануваат во брак и дека нивната врска е поквалитетна.
Сакате да дознаете дали вашата врска ќе потрае? Размислете за тоа какви сте во донесувањето на одлуки. Доколку секоја одлука – од најмала до најголема – ја донесувате со заеднички разговор и договор, можете да бидете сигурни дека вашата врска има потенцијал.
“Донесувањето на одлуки е важна работа, бидејќи се случува секојдневно. Паровите кои тоа го прават заедно имаат поголеми шанси за успешна и квалитетна врска. Оние пак, кои тоа не го прават и живеат по инерција, тешко дека долгорочно ќе успаеат”, вели Галена К. Родс, стручњак од Универзитеот Денвер која се занимава со проучување на љубовните врски.
На прв поглед ова откритие може да се чини како многу очигледно, но Родс тврди дека многу парови не донесуваат заеднички одлуки и не разговараат за нив, туку пуштаат водата да ги носи. Особено е важно паровите пред заедничкиот живот да седнат и отворено да разговараат и да се договорат за начинот на заедничкиот живот, но тоа многу ретко го прават.
