Секоја жена ја бара магичната формула со која ќе го обезбеди вниманието од саканиот. Трикот е многу поедноставен од она што ние мислиме.
Стручњакот за врски, Боб Грант откри дека жената за да го привлече мажот и треба само мала промена во однесувањето и тоа: Третирајте ги сите мажи исто!
Тоа значи дека треба да бидете еднакво приемчива и расположена за разговор со секој тип кој ви се допаѓа, и со сите останати кои не ви се допаѓаат. Досадните, напорните, па дури и оние физички кои ви се одбивни треба да го добијат истиот третман. Нормално, со такво однесување ќе ризикуваш за непосакуван повик за средба, но и тоа е лесно за решавање. Ако мажот кој ви се допаѓа види дека сте расположена и достапна за разговор секако полесно ќе собере храброст да ви пријде. Освен тоа, кај мажот се појавува желба за докажување. Тој ќе сака да ви докаже дека е поинаков од другите и дека само тој е заслужен за вашето вниание, што на крајот ќе резултира со освојување, а тој нема ни да биде свесен што сте направиле.
