After Midnight

Болки за време на сексот

Сексот треба да биде едно забавно и сензуално доживување. Но многу жени чувствуваат болка за време на водење љубов.
Болката може да биде краткотрајна или пак да се појавува со месеци, па дури и години. Кога се појавуваат болки за време на сексот, тие можат да бидат и сигнал за состојба за која е потребна медицинска помош.

Утврдете каква е болката!
Пред да посетите лекар, утврдете каде се појавува болката – надворешно или длабоко внатре. Тоа може да биде и клучот за причината.
Ако болката е површна, проблемот можеби е во пенетрацијата. Ако е партнерот е невнимателен, жената дури и воопшто нема да може да има однос. А доколку болката е внатрешна, тогаш пенетрирањето не е проблем. За да се утврди точната причина, треба да направите прегледи.
Најчести болки за време на сексот
Болки при пенетрација
Вагиналната сувост е најчеста причина за болен секс. Обично вагината ја одржува влагата по природен пат. Но, ако нивото на естроген во телото е ниско или ако нема целосна возбуда, тогаш нема доволно количество влажност.
За почеток пробајте да го зголемите времетраењето на љубовната предигра. Но ако недоволната влажност е еден од симптомите на менопаузата, тогаш вашиот лекар може да ви препорача хормонални таблети или естроген крем.
Болки при триење за време на секс
Црвенилото, воспалението и зголемената чувствителност околу влезот на вагината. Таква болка може да почувствувате за време на сексот, при одење во тоалет или при користење на одредени производи за лична хигиена. Таа состојба може да се влоши при што не ќе можете да користите дури ни тампон.
Кај некои жени овие симптоми се јавуваат точно пред или после месечниот циклус. Ако причината не може да се утврди, нема да има ниту стандардна терапија. Лекарот би можел да ви препише разни кремови кои ќе ја намалат чувствителноста. Некои жени за смирување на воспаленото место, го користат чајот од камилица (за измивање).
Вагинизам
Ако чувството на болка се јавува само за време на сексот, можеби проблемот не се крие во влезот на вагината. Понекогаш и психолошки причини може да предизвикаат болки. Ова обично се случува ако постои страв од болка. Причините за ова може да бидат поранешна неуспешна врска или пак траума од минатото. За решението на овој проблем потребна е трпеливост, разбирање меѓу партнерите и стручна помош во дефинирање на проблемот.
Длабока болка при пенетрацијата
Некои жени чувствуваат длабока болка во себе за време на сексуалниот чин. Ова обично зависи од позата во која се наоѓате за време на односот. Кај различните пози различна е длабочината на пенетрацијата. Тоа може да се јави само во одреден период, пример пред или после циклусот. Можните причини се и воспалението на јајниците или ендомертиумот. Но за да ја определите причината, треба да направите целосни испитувања. Консултирајте се со вашиот гинеколог.

Write A Comment