Новите врски горат од страсти и желби, ама со проаѓањето на годините паровите се загрижуваат, мислејќи дека страста исчезнала и дека бракот ќе пропадне. Ако спаѓате во оваа категорија, оваа вест ќе ве утеши, бидејќи истражувањата тврдат дека постои нешто што е многу поважно од сексот.
Во студијата на две илјади мажи и жени кои се во брак десет години, се заклучува дека за квалитетна и среќна врска најважна е искрената комуникација. И тоа е нивниот главен совет за сите млади двојки, кои се убедени дека сексот и сите останати работи се поважни за успехот на врската.
Некои ќе бидат изненадени од овој резултат, но добриот сексуален живот е рангиран на 18-то, од вкупно 20 места. Многу повисоко се рангираа карактеристиките како што се трпението, почитувањето, чесноста, и се разбира – верноста!
Другиот најважен совет е компромисот, а веднаш по него е стабилноста и истрајноста на бракот во тешките времиња. Само 1% од испитаниците се изјасниле дека добриот сексуален живот е пресуден за успехот на односот.
Со овие совети, на листата се најдоа и оние кои сметаат дека е важно да се задржи смислата за хумор, а последователно на тоа следи и советот дека никогаш не треба да одите на спиење додека проблемот не биде решен.
Меѓу некои од необичните совети, влегува и оној дека никогаш не треба да се венчате, да имате деца или да им дозволувате на членовите од фамилијата да ви се мешаат во бракот. Кога е во прашање семејниот живот, многумина се изјасниле дека е многу важно, пред да имате деца да стекнете колку што е можно подобра финансиска конструкција и дека треба да поминете некое време заедно без принова.
Студијата ја спроведе фирмата Slater and Gordon, а водителката и адвокатка Sarah Thompson за Daily mail изјави дека од нејзиното работно искуство е многу јасно дека на институцијата брак треба многу да се работи, ако сакаме да успее. “Дури и со најдобри намери и желби, браковите не успеваат секогаш да успеат. “Кога разговарам со клиентите за причините кои го предизвикале разводот, најчесто велат дека немаат комуникација и не можат да се согласат на компромис”
