Иако при првите бакнежи и допири страста се распламтува и мажот чувствува дека и партнерката е поеднакво возбудена како и тој, веќе следниот момент до израз може да дојде разликата во сексуалната возбуденост на мажот и жената. Тоа се случува ако во жарот на страстите мажот згреши со забрзувањето кога всушност треба да забави, што може да се протолкува како „менување на брзини“ во грешен момент – тврди авторката на книгата „Good in Bed Guide to Female Orgasms“, д-р Емили Нагоски.
Навлажнувањето кај жените е природен процес директно поврзан со состојбата на возбуденост, но исто така тоа не е доказ дека жената е доволно возбудена за почеток на секс, или пак ако не е влажна не значи дека возбудувањето изостанало – објаснува д-р Нагоски.
Младите жени, како и оние кои имаат нов сексуален партнер повеќе се навлажнуваат, односно произведуваат повеќе слуз. Поради недостатокот на хормонални поттикнувања, но и поради навикнувањето на мозокот на одредени работи кои стануваат предвидливи, со текот н авремето стануваат се полмалку и помалку влажни, иако и понатаму се возбудени.
Поради тоа на жаните постари од 30 години или на оние во долгодогишни врски им е потребно повеќе од 10-15 минути стимулација за да бидат целосно подготвени за водење љубов, кое при недостаток на слуз може да биде болно.
„Бидејќи кај мажите желбата за секс е директно поврзана со возбудувањето и ерекцијата, на нив понекогаш им е тешко да имаат на ум дека кај жените ситуацијата е различна“ – истакнува сексологот Иан Кернер. Тој нагласува дека освен самото навлажнување, мажите би требало внимателно да ги следат визуелните индикатори дека партнерката е возбудена.
Зелено светло
Во моментот на потполното возбудување на жената, телото станува меко, рацете и нозете целосно опуштени, а стомакот напнат. Ритамот на нејзиниото дишење се забрзува и на 20 вдишувања во минута.
„Помалку ќе згрешите доколку ја прашате партнерката дали сака уште предигра, отколку ако навалите на неа додека не е доволно возбудена“ – смета Кернер. Тој ги предупредува мажите дека не би смееле да имаат комплекси околу своите љубовни вештини сè додека се подготвени да учат и да се трудат сексот да биде обострано задоволство, бидејќи никој не е роден со тоа знаење.
