Во дното на душата секој маж има четири првични емоционални потреби до кои би можела да достигнеш со помош на неколку ефикасни женски трикови…
Да, ти му се допаѓаш но ќе беше уште подобро ако можеше категорично да изјавиш дека е луд по тебе, нели? Еве и едно збунувачко прашање: постои ли точно определен момент во кој саканиот човек одеднаш решава: „Да, мислам дека ја сакам!“? сама знаеш дека нема како да ти дадам јасен одговор, но има неколку општи принципи. Кај силниот пол постојат одредени вродени потреби кои треба ти да ги откриеш за да се почувствува вистински поврзан со тебе. Кога мажот ќе види дека ти си идеална по сите овие параграфи, точно тогаш ќе биде способен да се одлучи на сериозен чекор.
Мажот вродено има потреба да биде глава на семејството. Кога те заштитува тоа го прави да се чувствува добро. Не велиме дека треба да бидеш безпомошна но дај му шанса да почувствува дека работите се во негови раце и покажи дека си благодарна за неговата грижа. Кога еден маж те поврзува со шансата да се чувствува како Супермен, тој се разбира ќе има желба да биде со тебе.
Ете како ситници ќе направат да се чувствува како херој во ваше присуство…а тоа е основна храна за машкото его.
Побарај негово мислење. Независно што имаш шанса да избираш помеѓу 400 добри понуди, фактот дека сакаш да знаеш што точно мисли тој за конкретниот проблем, му покажува дека го цениш неговото мислење и веруваш во неговиот избор.
Биди женствена, нежна, романтична…овде станува збор за начинот на облекување, однесување, шминка и сл. Мажите не сакаат вулгарно облечени жени, не сакаат нападна шминка, а повеќето од нив сакаат жени со долги коси. Ваквите жени(вулгарни и нападни) ги пецепираат како парче месо за задоволување на своите сексуални потреби.
Дури емоционално најстабилните мажи сакаат да бидат сигурни дека ќе ја сочуваат својата уникатна идентичност откако ќе стапат во сериозна врска или брак. Кога ќе му покажеш дека не очекуваш никакви промени во неговиот начин на живот поради тебе, ќе знае дека навистина го разбираш и дека не претставуваш опасност за неговата личност и слобода. На тој начин ќе почувствува доволно стабилна почва под себе и добар темел за стабилна врска.
Во девојката мажот потсвесно бара да ја најде мајката на своите деца. Затоа обидете се да му покажете дека вие сте жена во правата смисла на зборот и дека нема да погреши ако ве избере вас.
