Кога мажите имаат најдобра пријателка, нивната партнерка често се наоѓа во ситуација да не знае како да се постави спрема односот на нејзиниот партнер и неговата најдобра пријателка.
Вистина е дека машко-женските пријателства се навистина ретки, па жените често се сомневаат дека другарството на нејзиниот партнер е многу повеќе до она што е!!!
Ви откриваме кога требате да бидете загрижени а кога непотребно паничите:
Пред се, дали Вашиот партнер ќе има најдобра другарка или другар зависи од неговото минато.
Неретко се случува машките кои пораснале без татко или биле единствено машко дете имаат тенденција полесно да се спријателат со жена. Во тој случај неговата најдобра пријателка навистина е тоа што треба да биде а Вие не би требало да се плашите.
Важно е на прав начин да го разберете однесувањето на неговата најдобра пријателка
Доколку на почетокот таа е одбојна спрема Вас или имате чувство дека не Ве симпатизира, не треба веднаш да паѓате во депресија или да замислувате теорија на завера.
Тоа е исто кога Вие го запознавате новото момче со Вашата пријателка. Таа ќе сака да знае се за Вашето ново момче, да ги процени неговите намери со Вас, бидејќи постои страв дека Вие може да бидете повредени.
Но доколку и покрај се имате чувство дека неговата најдобра другарка поминува премногу време со Вас, можеби би требало отворено да разговарате за целата ситуација и да го поставите прашањето дали Таа има некои нерасчистени чувства кон Вашиот партнер.
