After Midnight

7 Правила на жежок секс за една вечер

Кога ќе Ви дојде до интимни дружења, сепак постојат некои правила

Ова го доживеале многу од нас: надвор сте со пријателките, се осеќате се подобро и подобро после два или повеќе коктели, не сакате да си одите, а сите пријателки се спремни за дома. Како ниеден од слободните ”мажјаци” се уште не ви пристапил, мислите ви полетуваат кон некој ваш специјален пријател (или некој кој тек ќе стане специјален), а наскоро и раката ви посегнува кон мобилниот да му се јавите. Тоа може да испадне добро, но почесто е рецепт за катастрофа.

Ако ви е баш до секс за една вечер постојат неколку правила кои ќе ви помогнат да поминете без незгодни последици.

Пратете порака, не вртете. СМС-ите се практично измислени за секс за една ноќ. Нема да ви го приметат подголтнувањето и кикотењето, граматиката е неважна, а ако не биде во можнст веднаш да ви одговори, нема да се посрамите со чудната говорна порака.

Кога сте во недоумица, попрво бидете мудри отколку искрени. Малку изазовен неврзан разговор, интересен двосмислен предлог, неколку комплименти да му порасне егото долгорочно ќе имаат подобри резултати отколку претерана искреност, како што е праќање на изазовни, голишави фотографии, за кои можеби ќе зажалитекога ќе се отрезните и почнете да размислувате каде би он можел да ги препрати.

Ако веќе морате, слободно бидете поднапиени, ама не се правете ”дрво”. Ако сте се препиле и не можете точно да го изговорите името на тој што ве интересира, имате потешкотии со наоѓање на мобилниот во вашата торба или пак не можете да напишете смислена СМС порака – знајте дека сте препијани и за интимно дружење.

Одберете дежурна другарка за мобилен. Ако имате историја со пијани повици (бившиот кого не сте го преболеле, колега кој не ви е достапен и слично) тогаш мобилниот дајте и го на добра другарка на почетокот на вечерта и дајте и овластување да пресуди за што сте способни на крајот од вечерта. На тој начин нема да си предизвикате проблеми за кои би зажалиле следниот ден.

Пробајте со “delivery”. Ако ви се сака, тоа не мора да значи дека мора да искочите во лов. Останете дома и трезни од кревет побарајте го и наговорете го да ви се придружи. Како да пристапите – погледајте ја точка 2.

Не одете без најава. Да навратете кај него за да го изненадите без да му се јавите, во правило не е добра идеја со некој кој према вас нема никаква обврска (со кого не сте во врска). По правило, или ќе биде во длабок сон или можеби ќе има некоја друга поред себе – а шансите се повеќе да се осрамотите отколку лудо да се проведете.

Бидете внимателни со повиците. Пред да почнете да опседнувате по телефон, размислите малку за тоа што него му се случува во животот. Има некој важен проект на работа за кој мора сериозно да се спреми? Мора ли рано да стане? Да не му дошле родителите или некои роднини на посета? Ако знаете дека има други обврски, размислете двапати пред да притиснете “send”.

Кој совет би го дале врзано со жежок летен секс за една ноќ?

Write A Comment