Често се пишува за тоа што ги возбудува мажите, а што жените, и со какви трикови може да се постигне поголемо задоволство. Меѓутоа, многу помалку е познато како ова задоволство влијае на нашето тело, и што се случува со нас во тие моменти.
За феноменот секс се зборува и пишува премногу. Што ги пали мажите, зошто жените ја сакаат предиграта, кои им се омилени пози, трикови за заведување и како да се дојде до експлозивен оргазам се само дел од темите за кои често се говори. Меѓутоа, на луѓето им се малку познати последиците кои се донесени од самиот чин на сексот.
Притоа, не мислиме на оргазмот како најзначајна последица, туку на ситните промени кои во моментот на сексуалниот однос се случуваат во нашето тело. Сите сме свесни на фактите за тоа како да се возбудиме, но малку е познато како тоа возбудување влијае на нашето тело. Еве неколку интересни факти кои влијаат на водењето љубов.
Осип при забрзување
За време на сексот расте температурата на лицето и телото, што ја објаснува можноста за тоа вашето лице и гради да поцрвенат за време на сексуалниот однос. Освен тоа, забрзаниот проток на крв и зголемената работа на срцето предизвикуваат “сексуално руменило” кај многу луѓе. Тоа се јавува како црвенкаст или розевкаст осип на лицето, вратот или градите, а заминува кога сексуалното возбудување престанува.
За време на оргазмот мозокот останува без свест
Движењата на телото кои луѓето ги прават за време на оргазмот се потполно несвесни, покажало скенирањето на мозокот што е правено токму во тие моменти. Кога луѓето доживуваат оргазам, мозокот во целост се блокира. Тоа е делот на мозокот кој управува во моментите на страв и анксиозност.
Прагот на болката се зголемува
Возбудувањето е причината поради која гризењето или влечењето за коса не сметаат и не се толку болни во споредба кога не сте во сексуален однос. Прагот на болката за време на сексуалното возбудување може значително да се зголеми. Иако тоа би можело да помогне пенетрацијата да биде попријатна, експертите предупредуваат дека тоа има и негативна страна: некои луѓе можат да се повредат, а тоа да го сфатат после сексот.
Тврди брадавици и поголеми гради
Следен пат кога ќе се фатите со работа, за момент погледнете што се случува со женските гради за време на зголемувањето на возбудата. Како резултат на зголемениот проток на крвта, брадавиците за време на сексот стануваат потемни од нормалното. Истражувањата покажуваат дека кај некои жени градите отекуваат за време на сексот, а тоа влијае на нивната големина.
Грчење на мускулите
Додека трае оргазмот, се грчат многубројни мускули, што е припрема за активација на вагиналните мускули кај жените, докажале експертите. Оргазмот предизвикува напнатост на мускулите во нозете, рацете, вратот, стомакот и лицето.
Мала нужда веднаш после секс
За време на сексот, телото го испушта антидиуретскиот хормон поради кој нема да можете да си ја обавите малата нужда веднаш после сексот. Тој механизам исто така помага да продолжите со сексот и покрај чувството дека ви се оди во тоалет. Сепак, не го одложувајте вашето одење во тоалетот, туку олеснете се веднаш после сексот за да спречите разни инфекции.
