After Midnight

Дознајте пред секс дали ќе ве задоволи во кревет

Дали е можно да се дознае каков љубовник е пред да се впуштите во страстни игри во креветот? Да! А сексологот Трејси Кокс ќе ви објасни како.

Може ќе ви биде тешко во ова да поверувате но сексологот Трејси Кокс тврди дека во овј случај “можете да ја оцените книгата по нејзините корици” , односно сака да каже каков е некој во кревет пред да дојдете до секс со таа личност!

Нас не откриваат нашите манири, говорот на телото, облеката… Еве на што треба да обрнете внимание ако сакате да процените каков љубовник е:

Начин на кој јаде

Најдобар начин да скенирате некого е да го видите начинот на кој тој јаде и како се однесува спрема храната. Постојат две групи: оние кои јадат за да живеат и оние кои живеат за да би јаделе. Добриот апетит значи дека личноста има добро либидо.

Начинот на кој се ставаат залците во уста и како ја џвака храната, ќе ви открие како таа лиќност би можела да ви го грицка увото, ве бакнува по вратот и други делови од телото.

Начинот на кој зборува

Ако некој зборува монотоно и го менува изразот на лицето еднаш во текот на еден час, тоа значи дека оваа личност ќе биде досадна и во кревет. Оние кои гестикулираат додека енергично раскажуваат полни со живот, такви веројатно че бидат и во кревет.

Каков е во друштво

Колку што е личноста по дружељубива и социјална, веројатно ќе биде подобра и во кревет. Ако е некој добар во комуникација со други луѓе и се чувствува удобно во друштвото, подобро ќе се поврзе со некој и во сексуална смисла.

Каде седи

Каде че седне додека сте на кафе или пица може да ви открие многу. Ако седне спроти вас, за да може подобро да ве гледа – тоа е добитна комбинација. Колклу повеќе е фокусиран на вас, веројатно би го добиле и целото внимание и додека сте сами.

Начинот на кој ве допира

Луѓето кои се крути и стегнати кога некој ќе блезе во нивниот круг, не се личности отворени за интимност. Физичката одалеченост често укажува на емоционална и сексуална изолираност.

Начинот на кој ви ја држи раката

Испреплетени прти укажува на еротска личност. Класично држење на рацете, дланка на дланка, укажува на личност која е внимателна и приврзана, но тешко дека сексуално ќе ве изненади.

Начинот на кој ве бакнува

Ако неговиот бакнеж е “млитав”, ваквата личност веројатно е таква и во кревет. Мажите кои ја прифаќаат главата на девојката и страсно ја бакнуваат – романтичен е и стравствен љубовник кој сака многу. Ако ве бакнува полека и обвојува време за да развие техника да би бакнежот бил што подобар, оваа личност во сексот ќе се посвети, че издвои време на предиграта.

Write A Comment