After Midnight

Дали сте во врска со погрешна личност?

Секој има по некој сомнеж за врската во која се наоѓа и ја преиспитува, но некогаш сите знаци велат дека залудно се залажувате. Едноставно личноста со која сте во врска не е за вас и подобро е да ставите крај одошто да оставите времето да минува, а со тоа се ставате и себе и другата страна во непријатна положба.

Во продолжение неколку знаци дека сте во врска со погрешната личност.

Не можете да бидете она што сте

Првите месеци сите се воздржуваат во поглед на однесувањето. Тоа е сосема во ред, бидејќи на другата страна и е потребно да ве запознае, а не можете наеднаш да ги прикажете сите предности и недостатоци, но по периодот на запознавање следат моментите кога другата страна треба да ве прифати. Тоа значи дека треба да ве познава во целост и да ве прифати како такви. Ако постојано се соочувате со критики за вашите карактеристики и буквално не можете да бидете слободни да сте онаа личноста која ја познаваат сите, тогаш време е да ставите крај на врската.

Не сте среќни

Стравот од самотија ги тера луѓето да бидат дел од врска во која се чувствуваат мизерно. Ако се чувствувате несреќно во врската, излегувате сосила и ја одржувате во живот само затоа што сте заборавиле како е да се биде сингл, тогаш во неа сте од погрешни причини. И немојте да мислите дека за сите е така, дека после некое време љубовта за сите исчезнува и настанува период на досада и мизерија. На тој начин самите ја скратувате сопствената среќа.

Личноста со која што сте ве истоштува

Постојат карактери кои се особено тешки за да ги толерирате и колку и да имате разбирање ќе најдат начин да направат конфликт или да ве депримираат до степен да не сакате да правите ништо. Секој има лош период во животот, но кај некои негативноста и способноста за создавање конфликт е дел од карактерот. Овие луѓе ве истоштуваат со своето однесување, а штом не можете да издржите сега, што ќе биде понатаму кога ќе бидете под ист покрив?

Не можете да се замислите заедно во иднина

Врската по некое време носи планови за иднина, но вие никако не можете да се замислите себеси со конкретната личност по некоја година, камоли да основате семејство или да живеете заедно.

Немате ништо заедничко

Заборавете на тоа дека спротивностите се привлекуваат. Дури и да знаете такви случаи, оние кои немаат ништо заедничко тешко дека ќе останат заедно во иднина. Преиспитајте ја врската – воопшто не е тешко да согледате дали сте комплетно различни луѓе. Сега тоа можеби не е проблем, но понатаму ќе претставува голема пречка.

Write A Comment