After Midnight

Љубов или зависност е тоа што ти се случува?

Дали ви се потеле дланките и сте добивале „срцебиење“ при помислата дека ќе се разделите со некого? Сте помислувале ли дека без тој човек ќе нема што да правите, ќе нема зошто да живеете и како воопшто ќе живеете? Случајно светот да се врти само околу тој еден маж?

Да, ова се знаците на зависност, и ве молам не мешајте ги со љубов. Љубовта е нешто друго. Љубовта е среќа, сигурност, увереност, независност, радост. Зависноста е  точно обратното – несигурност, недоверба, паника, страв и љубомора. Ваквите ноќи се кошмарни, се чудиш каде е, што прави, со кого е и зошто е без тебе.

Кога ќе се вљубиш во вистинскиот ќе откриеш колку граници си поставуваме сами, а колку малку ограничувања постојат всушност. Ќе откриеш колку е слободна љубовта. Колку е независна и силна.

Ако се плашиш дека ќе го изгубиш партнерот и си обземена од љубомора или правиш се што тој ќе посака, никој не може да ти каже како да постапиш, но биди сигурна во едно – ти не го сакаш, тоа е зависност а не љубов.

Write A Comment