Грижете се за вашиот изглед
Луди диети, исцрпување во теретана, неконсумирање на јаглехидрати дефинитивно нема да ви помогнат да го привлечете. Тука зборуваме за тоа да оржувате хигиена, да носите фризура која ви одговара и уредна облека, и да ја одржувате тежината под контрола (не, не мора да имате тело како Жизел).
Бидете позитивни
Можеби на прв поглед може да ги привлечете момците со изгледот, но сите знаеме дека тоа не е доволно. Оптимизам, смисла за хумор, убави манири и пријатно чувство е она што ќе го задржи за вас.
Нека ве забележи
За да остварите привлечност, мора да излезете од вашите четири ѕида меѓу кои сонувате за совршениот маж. Излезете на места на кои може да сретнете згодни, соло мажи, а потоа, кога ќе го погледнетем испратете му го вистинскиот сигнал. Љубезна насмевка, малку подолг поглед и случаен допир ќе ви овозможи да ве забележи.
