Многу анкети покажуваат дека нема жена која барем еднаш не одглумила оргазам за време на секс, т.е. дека една од десет жени никогаш не доживеала оргазам.
Постојат многу причини зашто жените глумат оргазам, а некои од нив се на пр.: да го направат партнерот среќен, страв од отфрлање, а понекогаш и затоа што немале доволно време да доживеат оргазам.
Една позната американска терапевтка исексуална советничка тврди дека жените не смеат да глумат оргазам затоа што тоа ќе го уништи нивното право уживање, а и ќе ја сруши нивната самодоверба.
Но што ако жените имаат проблем со доживувањето на оргазам? Еве неколку одговори:
- Признајте му на партнерот што се случува и тоа на најнежен начин. Немојте да му кажете: „Срце, јас веќе со години глумам во кревет“, туку: „Срце, би сакала да испробаме нешто ново во кревет“ и потоа направете го она што мислите дека би ве задоволило.
- Покажете му конкретно што сакате, ослободете се од срамот и кажете што сакате да направите, дадете му „упатство“, горе, доле, лево, десно…
- Дадете си време себеси. Ако признаете дека ви треба повеќе време до оргазам, не веруваме дека машкото ќе се буни за уште малку време под ќебето.
- Научете да се задоволите самите себе. Ако го познавате вашето тело тогаш и на машкото лесно ќе му објасните што сакате.
