Женските промени во расположение се нешто што мажите не го сфаќаат баш најдобро. А и како би го сфаќале? Тие немаат естроген кој ги контролира нивните емоции, прави да сакаат да заплачат иако нема никаква причина за тоа и ги тера да изедат огромнa количина чоколадо иако не се гладни. Затоа воопшто не e чудно што кога сте нерасположени без некоја особена причина вашето момче се „смрзнува“ и не знае што да направи.
Неговата прва реакција? Тој мисли дека направил нешто лошо. Следна? Ти му кажуваш дека твоето расположение нема никаква врска со него, а тој се фрустрира бидејќи не знае што да направи. Момчињата сакаат да поправаат работи. Тие сакаат „да го решат проблемот“. Ние, од друга страна, сакаме да нè остават на мира и да си бидеме нерасположени. Но, кога тој настојува да го реши проблемот, ние се чувствувате како да „не смееме“ да бидеме нерасположени, што прави да ни биде уште полошо. И, едноставно влегуваме во магичен круг.
Па што може да се направи? Наместо да ја претворите оваа будалеста женска одлика во фрустрирачка пречка во врската, направете го следното: разговарајте за ова со вашето момче кога сте добро расположени, со стабилна состојба на умот. Размислете околу тоа како сакате тој да се однесува во таквите ситуации и дадете му јасно до знаење. Дали сакате само да се гушкате? Кажете му го тоа. Или сакате едноставно да ве остави на мира и да прави нешто друго? Споделете ги своите чувства, како тој би можел да знае како се чувствувате ако не му кажете?
Најверојатно првиот пат кога повторно ќе бидете лошо расположени тој пак ќе ви оди на нерви. Но, ова е нешто на кое треба да се работи и треба време. Колку повеќе комуницирате толку полесно ќе се справувате вие и вашето момче со „чудните“ чувства кои ве обземаат.
