Отсекогаш ви било желба да пробате анален секс, но не знаете на кој начин на вашата парнерка да и предложите ваков тип на акција. Или уште поважно, како да го изведете тоа. Џоли Кер напиша водич кој ќе ви помогне при првото впуштање во анален секс.
Спомнување на темата
Доколку сте се одлучиле да и предложите анален секс на партнерката, направете го тоа на најфин и најнежен начин. Во случај да ве одбие, не форсирајте, бидејќи тоа нема да испадне добро. Никако не се обидувајте тоа да го направите без прашање, освен доколку не сте сигурни дека сака анален секс и такви изненадувања.
Подготовки
За време на аналниот секс, задолжително е да направите некои подготовки. Важно е пред акцијата, партнерката да седне на WC шолја и добро да ги испразни цревата, потоа добро да се измие користејќи благ сапун. Тој ден избегнувајте силно зачинета храна која тешко се вари.
Некои пред аналниот секс практикуваат и клистирање. Доколку сте се одлучиле за тоа, еве неколку корисни совети:
– Клистирајте се неколку часа пред аналниот секс
– За клистирање користете топла вода
– Не ја задржувајте водата во себе
– Не претерувајте
Задолжително користете кондоми – ќе ве заштитат од инфекции и сексуално преносливи болести.
Задолжително користете и лубрикант – не заборавајте дека анусот не произведува природен лубрикант како вагината. Посветете време и внимание на ова и внимателно одберете го оној лубрикант кој ви одговара.
Впуштање во аналниот секс
Главното правило кај аналниот секс е да пенетрирате полека и нежно. Мора посебно да внимавате вашиот партнер да се чувствува пријатно. Самиот чин на аналниот секс не би требало да боли, освен доколку таа болка на некого му е пријатна. На самиот почеток можеби ќе биде малку непријатно, но во моментот кога половиот орган ќе влезе, може да наметнете ритам кој ви одговара на двајцата. Доколку односот е непријатен, обидете се да ја смените позата.
Свршување
Најважната информација е никогаш ни под разно да не свршите во анусот на вашата партнерка. Кога ќе почувствувате дека сте блиску до оргазам, извадете го половиот орган и свршете надвор од партнерката.
