After Midnight

Како да имате секс за време на циклус?

За повеќето мажи сексот за време на циклус е табу тема. Еден дел се плашат од крв, а другите се гадат. Првото можеме да го приемиме, иако тешко, бидејќи сепак сме жени и во нашите животи мора да се соочуваме со далеку по болни нешта, но вториот ни се чини навистина смешен. Маж и табу во сексот?! Се разбира, далеку сме од помислата да ја всадиме идеjата дека сексот за време на циклус е задолжителен, дури напротив! Многу дами исто така не сакаат да ги допираат тогаш. Но, господа, да се однесувате со неа во оној така деликатен момент од месецот како да е заразна, е малку навредливо! Зошто? Бидејќи вистинскиот маж ја сака жената секој ден! И ако вашата девојка е возбудена и нема проблем да го направите тоа, има доволно проверени начини да доживеете прекрасен интимен момент. Еве и неколку совети.

Направете го тоа во бањата

Сексот под туш или во када е одлична идеја. А, кога таа е во циклус, бањата е можеби најсоодветно место за бакнежи. Така ќе ги избегнете дамките по постелината.

Користете дијафрагма

Главната нејзина функција е да штити од бременост, но во овој случај игра улога на тапа, и го сопира крварењето. Многу порно актерки прибегнуваат кон дијафрагмата кога се нерасположени, а треба да работат.

Пробајте анален секс

Ако вашата девојка го сака аналниот секс, тогаш проблемот е решен! Се разбира, повторно се зависи од нејзината менструација. Многу девојки имаат болен и обилен циклус. Тогаш сексот не само што не е препорачлив, без разлика каков е, би се претворил во вистинско мачење.

Поставете тампон

Ако сте од луѓето кои мислат дека сексот без орална љубов не е вистински секс, тогаш има едно многу едноставно решение – се нарекува тампон. Тој ќе ве натера да заборавите дека девојката е специјална состојба и ќе можете да ја дарувате со единствена емоција. Верувајте, тоа ќе го цени!

Write A Comment