After Midnight

Болен прекин на врската: Немојте да се кривите себе!

Изберете да ја сакате онаа личност која е слична на вас и која го разбира вашиот јазик на љубовта.

Многу ретко се случува љубовниот однос да престане истовремено. Секогаш еден од партнерите е понезадоволен и прв престанува да сака. Кога ќе дојде до прекинување на врската, тогаш онаа страна која е оставена, се соочува со фактот дека сеуште го сака бившиот партнер.

Постојат две општи категории реакции на нашата судбина:

*Мирно прифаќање на работите од кои произлегува креативна борба и

*Немоќна, лута суета.

Првата можност е единствената која му дава смисол и цел на нашиот живот.

Ние имаме слобода на избор во поглед на она што ни го нуди нашата судбина. Нашите реакции се наш избор и од нив произлегуваат последиците. Кога некого ќе го остави саканата личност, постојат две можности: може да ги прифати новите факти, да го пушти партнерот и да пронајде нов или може да продолжи и понатаму да го сака.

Нажалост, понекогаш личноста која е оставена, во потполност ја отфрла можноста дека навистина е крај и станува опседната со целата да го врати партнерот.

Овие личности погрешно веруваат дека љубовта секогаш може да се обнови. Пробуваат се, само да го вратат партнерот и да го натераат да ја смени одлуката, што често само создава контраефект и повторно се повредуваат себе.

Оние кои ќе одлучат да го пуштат партнерот им предстои период на тагување. Оптималното време на тагување е 6 месеци.

Совет: колку и да траела вашата врска: неколку дена, недели, месеци или години, не се кривете себе си. Сите имаме потреба да сакаме и да бидеме сакани. Не ја губете надежта и вербата во љубовта.

Кога човек подлабоко ќе се загледа во душата на светот, лесно ќе свати дека на светот секогаш постои една личност која ја чека онаа другата, било да е тоа на сред некоја пустиња или на сред некој голем град  и кога тие две личности ќе се сретнат и нивните погледи ќе се вкрстат, сето минато и сета иднина го губат своето значење и постои смо тој момент.

Write A Comment