Се чини, сексот е многу повеќе од само едно обично хормонално празнење и кратки мигови на задоволство. Секојдневно научниците од целиот свет докажуваат дека сексот е корисен за нашето здравје…
Сексот е корисен за срцето и циркулацијата, посебно во мозокот. За време на секс отчукувањата на срцето се зголемуваат од 70 во минута на 150, што претставува добар тренинг за срцето. Сексот три пати во неделата го намалува ризикот од срцев удар за 50%. Исто така, за време на сексот дишеме подлабоко, што значи подобро снабдување на организмот со кислород.
Сексот го урамнотежува менталното и емоционалното здравје. Луѓето кои се во целибат или апстинираат од секс често покажуваат депресивни чувства (лутина, фрустрации, сомнеж во себе си, параноја, па дури и потиштеност).
Сексот го отстранува стресот бидејќи пружа чувство на целосно опуштање и спокој. Има голем ефект во борбата против стресот, а лицата со редовни односи спијат подобро и се чувствуваат подобро следниот ден.
Сексот значи помека кожа. За време на сексот, женското тело двојно го зголемува нивото на естроген, а тоа ја прави косата посјајна, а кожата – помека.
Долгорочните истражувања покажуваат дека сексот го зголемува животниот век. Кај луѓето на иста возраст и здравствена состојба, оние кои имале почести оргазми ја намалиле смртноста за половина во однос на луѓето кои немале чести оргазми. Честите оргазми (околу 100 годишно) се поврзани со продолжувањето на животниот век за 3-8 години и го намалуваат ризикот од смртност за 50%.
Потењето за време на сексот ги шири порите, правејќи ја кожата посјајна и го намалува ризикот од развој на дерматитис.
Сексот може да ве одржува во форма и да ги согори дополнителните калории. Секс 20 минути во неделата значи 7500 калории годишно. Сексот може да согори околу 200 калории. Тоа е еднакво на 15 минути на направа за вежбање!
Сексот ги зајакнува мускулите, што е многу позабавно од трчањето. Ќе го подобрите тонусот на мускулите на карлицата, стомакот, бедрата, задникот, градите и рацете.
Колку е поактивен вашиот сексуален живот толку сте попривлечни за спротивниот пол. Поради високата сексуална активност телото испушта повеќе феромон, хормон кој го привлекува спротивниот пол.

Сексот го подобрува сетилото за мирис. По оргазмот, поради порастот на хормонот пролактин, матичните клетки во мозокот обликуваат нови неврони со што ги поттикнуваат способностите за мирис.
Сексот е одлично средство за ублажување на болки, и е десет пати поделотворен од таблетите против болки: непосредно пред оргазмот, нивото на хормонот окситоцин расте и до пет пати повеќе и се ослободува ендорфин. Овие хормони ја намалуваат болката, од обичната главоболка до мигрената, бидејќи притисокот на крвните жили во мозокот е намален за време на сексот.
Бакнувањето го поттикнува лачењето плунка која ги прочистува забите и ја намалува киселоста во устата, што претставуваат главни причини за крварење на забите и лош здив.
Сексот се бори против алергиите. Добриот секс може да претставува добар природен антихистаминик кој помага во борбата против астмата и високата температура.
Редовниот секс го урамнотежува соодносот меѓу добриот холестерол и лошиот холестерол.
Сексот ги урамнотежува половите хормони: естрогенот го штити срцето, но долгорочно, исто така може да биде делотворен и во борбата против Алцхајмеровата болест и остеопорозата, а тестостеронот го поттикнува растот на коските и мускулите.
Сексуалните активности значат помалку настинки, грипови и инфекции. Еден до два односа неделно значат 30% поголемо ниво на антителата имуноглобулин кој го поттикнува одбранбениот систем.
Сексот значи подобра контрола на мочниот меур, како и мускулите на карлицата.
По оргазмот, посебно во вечерните часови, се јавува поспаност. Сексот го зголемува квалитетот на спиењето. По оргазмот, телата стануваат целосно опуштени, што овозможува добар и длабок сон.

Поголемиот дел од бремените жени прекинуваат со сексуални односи неколку недели пред породувањето, бидејќи постои мислењето дека сексот во доцната бременост може да предизвика предвремено породување. Но истражувањата покажуваат дека тоа не е вистина. Не постојат научни докази дека сексуалниот однос го поттикнува предвременото породување.
Сексот се бори против ракот! Разни истражувања покажуваат дека зачестената ејакулација и сексуалната активност се поврзани со нискиот ризик од рак на простата. Истражувањата потврдија дека мажите кои ејакулираат 13 до 20 пати месечно имаат 14% помал ризик од рак на простата од мажите кои во просек ејакулираат 4-7 пати. Оние кои ејакулираат над 21 пат месечно имаат 33% намален ризик од рак на простата.
