After Midnight

Искористете ја светлината за секси игра

Сензуална светлина на свеќа

Сексот под свеќи е веќе клише и ретко се практикува. Штета, бидејќи тој сјај е романтичен, сензуален и посебен. Светлината на свеќите е топла и блага, а пд нејзиниот отсјај контурите на телото стануваат префинети, неправилностите на кожата ги снемува и очите добиваат посебен сјај. Светлината на свеќите е идеална за срамежливите личности.

Голи под рефлектор

Не го гасете светлото кога одите во кревет. Светилката наместете ја така што ќе го осветлува вашиот партнер. Играјте секси кампување под чаршавите и употребете батериска лампа. Голи шетајте се под рефлектор….

Дневната светлина е секси

Ако не сте пробале, време е да пробате и секс на дневна светлина. Пуштете ги зраците да влезат во вашата соба.

Еротика на сончевите зраци

За да имате 100% природно светло одете во природа. Пробајте секс на плажа, во парк или шума. Нормално за оваа авантура потребни се топли денови но не заборавајте да се заштитите од крлежи и други инсекти.

Write A Comment