Мажите се поедноставни кога станува збор за тоа како функционираат сексуално, што ги возбудува и како доживуваат оргазам.
Но затоа жените, од друга страна, се многу покомплексни и мистериозни – затоа толку истражувања се токму на оваа тема.
Подолу почитајте интересни факти за сексуалниот живот на жените што најверојатно не сте ги знаеле.
- Сексуалниот апетит на жената зависи од месечниот циклус. На почетокот и на крајот на истиот обично се најмалку заинтересирани за секс.
- Некаде на средина на циклусот, од 12 до 14 ден, (за време на овулација) жените се сексуално најрасположени.
- Но сексот во кој највеќе уживаат е оној во 30-иот ден од циклусот – научниците го нарекуваат „ден за врвен оргазам“.
- Истражувањата покажале дека оргазмите ги прават жените посамоуверени, продуктивни креативни. И обратно – креативните жени доживуваат поисполнувачки оргазми.
- Просечно, жената може да доживее оргазам преку мастурбирање за 4 минути, а за 10-20 минути во секс.
- За жал, не се сите жени задоволни од сексот. Во едно истражување, две третини од анкетираните жени изјавиле дека попрво би се откажале од секс отколку од мобилниот телефон.
- Убедливо да излажете некого е потешко доколку таа личност сексуално ве привлекува.
- Најголеми се шансите за неверство од страна на жената, за време на овулација, споредено со било кога од остатокот од месечниот циклус.
- За време на секс, покрај гениталиите и градите, и внатрешноста на носот има благо отекување.
- Жените ја рангираат големата на пенисот на 9-то место на најважни карактеристики на мажот, додека пак мажите сметаат дека треба да биде на трето место.
- 43% од жените искусиле анален секс.
- Половина од жените имаат секс до третиот состанок.
- 75% од Јапонките поседуваат вибратор. Просекот на светско ниво е 47%.
- Само 1% од жените можат да доживеат оргазам преку стимулација на градитe.
