Сите знаеме дека не е добро да се спие со некој уште на првиот состанок, а знаете ли зошто? Всушност, добра причина не постои, но постојат многу причини зошто сексот на првиот состанок е пожелен.
Сексуална компатибилност
Сексот е многу важен дел од секоја врска, и затоа е добро уште на почетокот да знаете дали се согласувате на ова поле. На пример, ако тој има некои чудни фетиши кои не ви се привлечни, тогаш нема потреба да одите на втор состанок. Од друга страна, ако ви е многу досадно на состанокот, а физички ви се допаѓа, сексот во овој случај е најдобро решение, бидејќи тој може да ви стане секс партнер.
Големина, големина
Пред да го вложите вашето драгоцено време во тој човек, важно е да се позанимавате со истражување на теренот. Кога ќе ви се допадне некое момче, една од првите рботи на кои ќе се сетите е неговата големина. Затоа најдобро е веднаш да дознаете со што си имате работа. Така ќе избегнете по повеќе неделно излегување и допишување, за да завршите разочарани од тоа што сте го затекнале во панталоните.
Намалете ја непријатноста
Излегување, запознавање и мување е секако забавно, но не можете да одрекнете дека е прилично непријатно кога на сите страни постои сексуална непријатност. Затоа со секс на првиот состанок тоа се ќе се реши. Плус, ако спиете со него на првиот состанок, на вториот можете комотно да дојдете облечени во хелани и маичка затоа што веќе ве видел гола. И на крајот од краиштата поентата на секое излегување со некој е да се заврши со секс нели?
Временска инвестиција
Секогаш сме зафатени, некаде брзаме и немаме време. Затоа одлуката некому да му го посветите вашето слободно време за викендите е навистина голема и не се донесува лесно. Сексот е одличен начин да одлучите дали таа личност е вредна за вашето време, за на крајот да не завршите со прашањето зошто толку сте излегувале со него, кога воопшто и немате желба да спиете со него. Затоа по сексот на првиот состанок веднаш ќе одлучите дали сакате да го инвестирате вашето време во него.
